транспарент (имн.) - и (сврз.)

Транспарентите и постерите со кои беше украсен плоштадот беа погрешни !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во секој случај, додека јас не знаев дали нешто видов или не, со сигурност знам дека таму некаде отаде каде што се појави онаа толпа народ со извици, транспаренти и знамиња закркореа машинки и митралези...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)