трепет (имн.) - за (предл.)

Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка" на послабите и мирните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народот пее јуначки песни и прикажува приказни за него. Станува страв и трепет за царштината.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ваквиот невообичаен дизајн не му промакна на мојот класен раководител Драган -по- математика, страв и трепет за целата моја генерација од центарот за насочено образование „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Последниот нејзин жител – полјакот Аврам, кој што беше страв и трепет за децата што идеа во бавчите да крадат праски умре за време на војната и на негово место не дојде никој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И тој, земен на дванаесет години и потурчен, стана страв и трепет за султановите непријатели.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)