треска (имн.) - го (зам.)

Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трески го фаќаа, во огнови запаѓаше, но сѐ издржуваше, зашто знаеше: со огнот господ му ја проверува душата, како што со огнот се проверува дали е златото чисто...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Им го остави и грипот, ама на младичот и еден несфатлив немир што тој не се обидуваше да си го објасни, бидејќи треската го зафати со таква силина што веднаш го кутна в постела.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се разбира, сигурно тоа, - ќе речеше благо, навивачки другарот Трифун Трифуноски, - се гледа, пред очи е работата, ама сепак вие, мило мое, изберете една дарба, најблиска до вашата душа, таа што како пролетно поточе ви жубори во жиличките, во цветните, мали жилички, таа што како благо ветре ви вее пред вашите убави, сјајни очички, и ајдете запрете го Трифун Трифуноски, тој сосема се забораваше, се гледаше: него исто така треска го тресеше, како тој да полагаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)