трка (имн.) - во (предл.)

Втората: „На трката во Олимпија победил неговиот коњ!“
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Чистата војна не е ниту војна ниту мир“, вели Вирилио, „ниту пак е, како што често се верува, ‘апсолутна’ или ‘тотална’ војна, туку само војна процедура која нè инфицира со својата ординарна трајност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во трката во Мажјачиштето, возот и велосипедот, обата, патувајќи со брзина близу 300 км на час, доаѓаат до „голема кула, отворена кон небото, во облик на пресечен конус; двеста метри во дијаметар на основата и сто метри во висина.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овие пак, веројатно, се однесуваат на сцената на трката во Мажјачиштето - флертот со четвртата димензија на Маркел како безобзирен возач и на петчлениот велосипедистички тим во трка со локомотивата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мојот предизвик е: Да се натпреварувам со другите кралеви! Во трката во која се наттрчуваат кралеви!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)