трошка (имн.) - леб (имн.)

Му се чинеше дека во џебот од униформата има неколку трошки леб.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна ништо не сакала да јаде, сѐ помалку јадела, понеколку трошки леб јадела дневно,за да не им биде товар на нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Јано направи крст од сламки и стави на него трошка леб.“ Се тргна и погледна во својот шестгодишен брат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— А што е убаво кај мене, вели, ако спиеш на трошки леб, неубаво се сонува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш тоа ја запрета својата муцка во трошките леб, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тука беше и купчето сено, и трошките леб, беше и црпката со вода, и прозорецот, и уште толку многу работи, што требаше да бидат откривани во тој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој ден, по цел ден, тој шеташе во градскиот парк и хранеше гулаби со трошки леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Може барем желка... минијатурно желче, за него треба малку простор, и малку храна, и малку салата и трошки леб..
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Може да ми се гладни, велам, сите гладни ми умреа, велам, може од мојата дланка чекаат трошки леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)