тужба (имн.) - наведе (гл.)

Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако една тужба, против истиот тужен, опфаќа повеќе барања што се засноваат врз иста фактичка и правна основа – вредноста се определува според збирот на вредноста на сите барања (чл. 30, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, тужбеното барање не се однесува на паричен износ, но тужителот во тужбата навел дека се согласува наместо исполнување на тоа барање да прими определен паричен износ – како вредност на спорот ќе се земе тој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)