тула (имн.) - во (предл.)

Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И така, подзавртувајќи се, забележува дека е сама со внучињата притиснати како топли тули во нејзината снага.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како и платната, и филмовите се одликуваат со отсуство на позадина, т.е. со непостоење на сценографија во некои случаи (често­пати само белиот ѕид од тули во Фектори).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едно седум-осумнаесетгодишно момче, со мозолесто лице и без преден заб, мешаше песок и цемент во едно големо дрвено корито и ги накиснуваше тулите во една када со вода.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)