тула (имн.) - или (сврз.)

Тој ден речиси сите го видоа Дине Бочаровски оти и тој се вртеше околу дрвената барака, лепеше нагоре и попреку штици, расчистуваше, одделуваше сѐ што беше дрвено од малтер, тула или трска и ги редеше во два купа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Околу него голи или пошумени брегови, трапови, чуки, а над него планината; ѕидовите им се од камен, тула или плит; некои се малтерисани, а некои оставени така да им се гледа делканиот камен и фугите на него; некои приземни, а некои на кат, со чардаци или балкони.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)