тупаница (имн.) - во (предл.)

„И така натаму, и така натаму, а каде натаму од овој ѕид?“ удираше со тупаница во ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Еј, брате, слаботија си ти. И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Против туѓите колонизатори во Кина, во 1900 година се дигнало востание на “боксерите“, раководено од тајното друштво “Тупаница во името на правдата и слогата“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Глигор пламнуваше, мавташе бујно со тупаници во просторот меѓу себе и Арсо и лицето му грееше однатре со една темна црвенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој стоеше во ќош, ја држеше левата тупаница во десната дланка, со назад зафрлени рамења се протегнуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не сакајќи да биде за потсмев, Милка престана да мава по снагата на Вангела, си тупна две три тупаници во сопствената глава, а потоа така седејќи си го префрли веленцето преку себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овде следи лутење на самиот себе и четиристотини удари со тупаница во перница затоа што отсекогаш сум мразел кога некој истакнува нешто што го поседува(или мисли дека го поседува).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Клинциве летнаа како мушички. А ти ми велиш си бил водач на јуначишта.“ Тоа Џеронимо фрли лоши зборови по нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа ти е - дај си ја раката!“ извика Џеронимо удирајќи со десната тупаница во левата дланка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На излезот од паркчето се свртевме. Љупчо и Џеронимо седеа на нашата клупа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)