турнеја (имн.) - во (предл.)

Инаку, рок групата „Џој Дивижн“ остава впечатливи траги на мапата на рок музиката во течението на седумдесетите години од минатиот век, па на крајот од истите, добива покана за турнеја во САД.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
КАЈМАКАМОТ: Која точка? Ти со овие точки беше на турнеја во Солун? Јас ништо не разбрав,
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така, на последната турнеја во два града во Србија и во исто толку во Бугарија, кога и реков на колегите од театрите дека им завидувам оти имаат постојано затоплени сали, па не водат грижа за тоа колку салонот за публиката е затоплен, односно колку е затоплена сцената местото каде артистите треба да ги реализираат научените сценски креации, се зачудија. Зошто се зачудија?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)