тутун (имн.) - во (предл.)

Метедринот е посилен, бел прашок во нешто покристална форма, кој може да се шмрка, да се внесе интравенозно, да се голта или пуши чист или помешан со тутун во стаклени лулиња - “sucking the dick”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе ја допуши по завршувањето на работата, ако успее да го зачува тутунот во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги полнеа лулињата и го стискаа со палци тутунот во земјените грла. И откај другите огнови доаѓаа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден ден мајка ѝ забележа миризба од тутун во подрумот и се чудеше од каде е таа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Затоа и не смееме веднаш да ги отфрлиме како лага гласовите дека тој го пренел тутунот во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој можеше да се преправи во тој брат од простата причина што вистинскиот брат по некој случај останал во Амакава во моментот кога „црниот брод“ со духовничката дружина испловил на морската шир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Алкоси, вие сте гадови!“ – си велат келнерите и крадат по некоја минута за парче тутун во кујната.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Илко стави тутун во лулата, го изгмечи убаво со палецот, запали и продолжи: - Во Милано се запознав со еден нашинец од овие краишта; работевме заедно ѕидарски работи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)