уво (имн.) - или (сврз.)

Ги пуштавме од раце само тогаш кога од јарешкиот вресок ќе ни оглувеа ушите или ќе нѐ заболеа нозете од клоцање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не беше во состојба да каже дали гледаше со своите сопствени очи, дали размислуваше со својот ум, дали слушаше со своите сопствени уши или со оние на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што ќе земете сега вие: калва од ушиве или калва од под ноктиве ќе ја земете, му рекол и Гојко и нему му ја истркалал главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А разговорите што ги води со прасињата додека ги чеша зад ушите или по ципите!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие нејзини зборови уште никој не се нафатил да ги стави на хартија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)