удар (имн.) - со (предл.)

Го бапна на земја и тргна да го поведе танецот, доволен што си одмазди за некнежните удари со јатаганот по раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Силен удар со глава. Тоа ѝ ја врати свеста и ја постави на нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До неа, како удари со стап допираа зборовите: - Е бре, лајнар - тоа е гласот на Кољо, си помисли Фимка - секогаш така ги мамиш кутрите жени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пијалокот беше како азотна киселина и, што е уште полошо, при голтањето човек имаше чувство како да добива удар со гумен пендрек по задниот дел од главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ударот со копитото, токму на сред чело, не можел да биде насочен токму точно од бесловесно животно. Него го водела човечка рака...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ѓорѓе се чувствуваше бедно. Алкохолот ни малку не му ги ублажуваше ударите со кои го шибаше Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со силни удари со чивии со казми дур не му направија грда голема и пуста пештера во душата змии за да се ведат пајажини и лишки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не дека беа поминале многу денови, не тоа, туку дека видов оти со десет удари со казмата, Јован вадел по дланка земја. Не влегол ни до колена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше тоа подмолен удар со подмолна болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Арсо Арнаутче и Цветко Грнар се враќале кон дружината со големи јаречки скокови додека околу колковите им се мавтале картите и ѕвечеле во ударите со шупливост на исушени и безживотни глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеш дека Онисифор Проказник не дава да се пие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И да знаеш, Пандо, не ме болеше толку добиениот удар со инвалидска патерица и што ти не, колку што ме болеше свеста дека тие удари доаѓаа од соборци, од луѓе со кои крвавев не само во еден ров, со кои сум јадел од една порција со една лажица, ја делев капката вода, догорчето, животот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го удри еднаш некаде по главата со раката замавта одопаку, го пречека на другата страна, Мирче падна на земја, а Луман тогаш, во мракот, не гледајќи каде и како, му зареди удари со нозе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)