ужас (имн.) - во (предл.)

Тепањата сега се разретчија и претставуваа повеќе закана, ужас во кој ќе биде вратен во секој момент кога неговите одговори ќе бидат незадоволувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
“ сега тој подзастана малку, а потоа потивко, како да се сети на нешто, и со ужас во гласот, праша: „Грешев ли?...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Каде ќе ми оди душата?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Претходниот патник го оставил весникот „Инквајерер“ на седиштето; во овој момент на Џоен воопшто не е грижа за ужасите во Босна, Руанда и на Хаити, но паѓа в очи насловот од локалната рубрика: УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ИЗОЛИРБАНД СИЛУВАЧ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оваа техника на осцилирање од ужас во хумор и назад е, всушност, типична за машката геј-културна продукција – и е истакнат елемент во поширокиот машки геј-одговор на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Палермо во кој луѓето се борат со ножеви и во кој свират гитари талкаше (како што ми рекоа) зад аголот, но оние кои ги населуваа моите утра и внесоа прекрасен ужас во моите ноќи беа слепиот гусар на Р. Л. Стивенсон, кој умира под коњски копита, и предавникот што го напушта својот пријател на месечината, и патникот низ време кој од иднината донел белузлав цвет, и духот многу столетија затворен во Соломоновиот ќуп, и Пророкот под вел од Курасан кој ја криеше својата лепра под вел од бела свила проткаен со скапоцени камења.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Триесет години минаа. Куќата во која ми се открија тие фантазии е урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)