улица (имн.) - пред (предл.)

Во улицата пред споменикот имаше статуа на еден човек на коњ, која требаше да го претставува Оливер Кромвел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приказната на Вилијам Велман како во почетокот на дваесетите го научил занаетот режирајќи филмови од две ролни - „Сцената покажува правлива улица пред салунот; едно кученце лежи на скалите; херојот излегува, го погалува кучето и се качува на коњот; арамијата излегува, го шутира кученцето и го јавнува коњот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се поздрави со г. Черингтон и се спушти сам по скалите, за да не дозволи стариот човек да го види како ја испитува улицата пред да излезе низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сети на еден човек со кој се размина на улица пред неколку недели: еден наизглед сосем обичен човек, член на Партијата, на триесет и пет до четириесет години, висок и тенок, со актовка во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А таму, на крајот од улицата пред да се рашири во неголемо плоштадче тоа и се случува, Пелагија сосема малку ја свртува главата, нејзините очи ги уловуваат оние на Мурџо и Мурџо така да се рече вместо запира и чучнува на крајот од улицата, крај самиот ѕид на последната куќа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На улицата пред куќите на тие двајцата забележувам еден од овие лизурковците што пред малку се пикна под масата на која седевме и се стопори мене да ми ги лижи стапалата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)