улица (имн.) - ќе (чест.)

На неговите улици ќе сретнеш познати, кои инаку и со денови не можеш да ги видиш дома.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Подзастанат во влезната врата, помислувам на тоа каде сѐ ќе одам в град, по кои улици ќе поминувам, во кои кафеани ќе навратам и, како на кое место помислувам, така приближно погодувам кого каде ќе го сретнам и што би можел од него да очекувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Кога ќе се омажите, момчињата до улица ќе си ги испратите, убаво ќе ги загледате од сите страни, да не ви се смее народот (ако го пуштиш маж ти со некој залепок-флека)“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаејќи дека жителите од улицата ќе почнат да се собираат и дека неговото семожно семејство барем за прво време не ќе ми остане должно, се изгубив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се сеќавав на неговиот поглед секогаш кога ќе се разбудев ноќе штом мојата рака, барајќи во сонот нечија рака која ќе ја придржи, во јавето удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати некое момче на улицата ќе ми заличеше на него, и јас ќе тргнев по него, со веќе радосно раступотено срце, а потоа чекорот ми се пресекуваше затоа што ликот не одговараше на очекуваното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)