ум (имн.) - стои (гл.)

После онаа посета на Иван Степанович, татко ти, барем со мене, никогаш не го спомна веќе во нашите разговори Белиот Корпус.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не го спомнува тој, не го спомнувам ни јас, иако знаев дека со таа мисла за некаков божемен долг кон отечеството се буди и заспива.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)