ум (имн.) - им (зам.)

Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Откачи се од оние што ти свиркаат, од оние што како и тебе умот им лета.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Трагајќи по сопствениот идентитет, тие ќе дојдат до извонредно актуелни сознанија дека јаничарството, како вид на одродување, и денес воопшто не е мртво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На моите сопатници, посебно на младиот актер, умот им беше свртен кон најблиската кафеана и рамнодушно го погледнаа З.З.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие апсурди на понижениот ум им се заеднички и на едниот и на другиот лик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)