ум (имн.) - ѝ (зам.)

Таа е мајстор за менување на текот на мислите.  Наместо тоа во умот ѝ доаѓа сув податок: денес е 30 март 1943 година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Умот ѝ е во сонцето. - Уште ли го нема?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На почетокот беше во тек со нивниот разговор, подоцна умот ѝ одлета некаде кон ѕвездите, таму некаде горе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѕвездата твоја! ѝ свика Профим еден ден на ќерка си Царјанка кога дозна дека умот ѝ е по Трајан Блосоениот, - да не те видам повеќе со него...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе почувствуваше дека луѓе на патот нема и никој не ја гледа, си ја продолжуваше својата животна прикаска така како што во умот ѝ доаѓаше и доживувајќи ја со спокој и конечна помиреност: "Господовата правдина никој не ја знае", си велеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И умот ѝ го зеде и умното зборување нејзино го зеде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)