ум (имн.) - со (предл.)

Па се труди да те опече, да те помести од умот со златни мисли научени наизуст, а ти веќе десетпати си ги прочитала по „ФБ“, како мисли на Буковски, Балашевич и други, непознати автори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ТОМЧЕ: (Го вади од џебот саатот и го клава на уво.) Не работи. Не сум го... (Го навива.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа ти оди едното со другото како умот со главата. Кога ќе заборавиш каде ти е главата, ќе го загубиш и умот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И вдовецот копнеел по женска топлина или по мајка на своите две деца во последен миг спасени од огнот на запалената куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штукнал од ум со придушен крик кога го видел најмладиот од дружината - Лозан Перуника сакал да се оддалечи нечујно од своето засолниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)