ум (имн.) - или (сврз.)

Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постои голем дел од литературата во кој се обработува проблемот дали Петрарка и Чосер биле средновековни или ренесансни писатели, дали Рабле бил средновековен post hoc ум или Данте можеби ум на Ренесансата два века порано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не би ме чудело да направиш и "блесиметар" за полесно да ни го мериш умот или глупавоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но таа исто така не цели кон тоа да произведе нов ум или нов поредок на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нашите прво се двоумеле дали само да се имаат на умот или да им одат на андарите ем да ги опоменат да не го прават тоа што го намислиле ем да си наплатат еден стар долг од времето пред да дојде дедо Геро, што нашето село никако не можеше да го заборави.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мораме да ја прифатиме новата улога на паметните луѓе, да се обидеме да помогнеме во разговорите, не обидувајќи се да доминираме или да ги заплашуваме луѓето, да создаваме сомнеж во нивните умови или да предизвикуваме револуции.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да тепаш толкав пат кога Германија ја водеше најтешката војна, само за да легнеш некое русокосо, може слободно да се запише дека или си скраја од умот или си го згрешил друмот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Видете му го размислувањето и пресудите какво шуто отелила мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, уништувањето и ликвидацијата, без оглед дали потекнуваат од прастарата опсесија, од идеолошкото замрачување на умот или од трибалниот антагонизам, се впишуваат во мрачната традиција на омразата, на непријателствата, но и на хаосот кој владее во овој регион.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Без разлика дали потекнуваат од прастара опсесија, од идеолошко замрачување на умот или од племен­скиот антагонизам, уништувањето и Жртвувањето на козите на Старова е едно тажно сведоштво за тоа: една лажна логика, противречна на смислата и на реалноста на фактите, завршува со трагедија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)