уметност (имн.) - ѝ (зам.)

Наспроти него и наспроти сопствените младешки восхити, Гете на уметноста ѝ ја намени мисијата не да се расцутува над таа зависност туку да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, Кејџ својата дефиниција за уметноста ја презема од индискиот историчар на уметноста Ананда Комарасвами кој на уметноста ѝ ја дава функцијата на „поддржувач на природата во начинот на нејзиното делување“. Што значи тоа?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така на уметноста ѝ е придодадена и нејзината социјална задача.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ЈАКОВ: Уметноста ѝ претходи на стварноста. Нашата цивилизација дваесет и пет века отплеткува јазли заплеткани од Платон и Аристотел. Кристина донеси чаша вода и чекан.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)