уметност (имн.) - воопшто (прил.)

„Апокалиптичарите“ што трубат за смртта на уметноста воопшто не ме вознемируваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На дваесетина локации во Љубљана летово минувачите беа изненадени со поставените бело обоени поштенски сандачиња врз кои Давиде Грасси, италијански уметник кој моментно работи во Словенија, на четири светски јазици ја “изложи” својата изјава која минувачите би требала да ги запознае со општествено-социјалниот контекст на уметникот и уметноста воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ВОРХОЛ ВО МАРГИНА Во овој број Маргина ја почнува серијата тематски блокови за најконтраверзната личност во последниве триесетина години, човекот кој длабоко го промени мислењето за уметноста воопшто, разбрана како творење или восприемање, сеедно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Хаосот кој новата уметност воопшто го создава може да се објасни само со укажување на основното тежнение на современиот уметник за поместување на аголот на гледање, како и замена и прераспределба на застарените и утврдени улоги.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)