уметност (имн.) - или (сврз.)

Единствено правило беше дека секогаш можеш да се предомислиш и да пробаш нешто друго”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со овој стил можете да работите било што.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе наликуваше на фрлање боја на платно - не знаеш дали создаваш уметност или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ете како го прави тоа Трајче Кацаров. Неговите текстови-рефлексии започнуваат со еден сосема природен вовед од светот на уметноста или од секојдневниот живот, од некое прочитано интервју или занимлив прилог во дневниот печат, а потоа со голема доза иронија, гротеска и цинизам, укажуваат на состојбите во општеството, небаре прилог кон градење на една нова македонска културолошка свест.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знам дека проблемот на интегралната формализација е проблем на математичарите и логичарите, но ако таа интегрална формализација не е можна тогаш и во самите науки постои она нешто што на уметностите или поетиките не им е туѓо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прашањата дали нешто е уметност или не би требало да функционираат во сосема друг дедуктивен систем: на пример, според сугестивноста на делото, неговата идејност и апликативност, според неговата заводливост и искуственост итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од сите уметнички родови филмот е идеолошки и стратегиски најоптоварен; затоа многу творци и познавачи на уметноста честопати го поставуваат деликатното прашање: колку филмот е уметност и дали воопшто е уметност или комбинација на дејности во која уметничката дејност е саме една слоевитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Медиите се стремат да бидат место на брзи одлуки, со малку место за вредните, често недовршени, и секогаш поетски неуверливи - преведувања на идеологијата, уметноста или културата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го бранам на истиот начин како што ги бранам уметниците што пишуваат графити низ нашите градови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе би сакал да видам (посебно во Милано и Италија) автобуси исликани со спреј, измачкани ѕидови со уметност или со нешто за што се верува дека е уметност, па дури и тогаш кога е тоа форма на иконокластика (сите знаци на културата на нашите метрополи) отколку валкани улици, автомобили паркирани во два реда или на тротоарите, или издувни гасови во населбите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа го воздигнува настанот или предметот на ранг на уметност или пак го унижува во порнографија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не е важна содржината туку рамката во којашто содржината се прикажува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Когнитивната наука, која исто така ги сместува причините за сексуалниот идентитет во нашите мозоци, а не во нашите општества, е привлечна на сличен начин бидејќи нуди физиолошки одговори на комплицираните општествени прашања. ‌Не се обидов да објаснам како некои машки геј-субјекти стануваат геј, туку се обидов да објаснам како геј-субјектите (или некои стрејт-субјекти) може постепено да се здобијат со геј-култура, во смисла на поврзување со културни предмети и облици – со бродвејски мјузикли, со стари куќи, со мелодрамата, со Џоан Крафорд, со изведбените уметности или со естетското совршенство, меѓу другото – на особени начини што им ги имплицираат и сексуалниот субјективитет и родовата ориентација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Психолозите и психоаналитичарите немаат да додадат ништо помудро на оваа тема од кој било друг, па затоа и теориите за третиот пол наеднаш се одново популарни: ако хомосексуалноста и хетеросексуалноста, всушност, ни се програмирани во телата, тогаш веќе нема што да откриваме од каде ни се ниту, пак, има што да изнаоѓаме левтерни објаснувања зошто некои поединци излегуваат стрејт, а други испаѓаат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Љубителите на уметноста или следбениците на експертите зад нив ги повторуваа нивните стручни наоди, преведувајќи ги со свои зборови, па сликарот на крај излегуваше како бледа копија на некој непознат современ експериментатор или пак на некој безимен средновековен зограф.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу често никој не знае дека современата музика е уметност или дека тоа може да биде.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)