умешност (имн.) - да (сврз.)

Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја жалеше Змејко и секогаш се чувствуваше стаписан од некое необразложливо чувство на вина пред таа загубена верба во своите раце кај тој старец, во нивната умешност да создаваат, да градат, додека нејзиниот недостиг стоеше во секој негов збор, во секој поглед на оние очички, што не гледаа ниеднаш право в лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Премногу сме приземни. владееме со умешноста да се наднесеме над бездната како големите мрзеливи птици Но нив гладот ги води а не страста за летање.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)