умирање (имн.) - во (предл.)

Прегрни ме, утешиме, кажи ми некој едноставен убав збор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја отворив душава и градиве, длабоко во нив сѐ уште имаше место за непредвидливите бранови на животот, креативно создавање, раѓање и умирање во хаосот и хармонијата на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа беше првото умирање во семејството откако ја минавме границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По првото умирање во семејството, кога бев дете, дознав и за самиот чин на постоењето на смртта, па природно, ми се поставуваше и прашањето за продол­жу­вањето на душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А кога започнаа првите умирања во егзил, започна да се смалува и нашиот облак на небото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се навикнувам на туѓа смрт-учителите и соседите од нашето детство за чие заминување сознавам од последните страници на весникот, сцените на умирање во филмовите, извештаите за вистинските умирања од воените боишта, жените вдовици во црно по улиците.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можеше да се прибере во онаа своја колната притаеност за ништо на светот, не сакаше да се скамни пак во таа подлипната замолченост, бидејќи тоа сега би значело уште едно умирање во тој ужасен студ и во таа сивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И помислив, како и кога многу години пред тоа за првпат влегов во собата за умирање во Гнездо, дека во умирањето сите се различни и сите се слични: сите ја испуштаат душата издишувајќи, ама секој издишува на свој начин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара застана, и покажа кон едно превиткано тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само по себе, раѓањето се наложу­ваше како празник по толку умирање во семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Продолжуваше животот, животот по толку умирања во големата војна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По првото умирање во семејството, кога прв пат доз­нав за постоењето на смртта, за смртноста, го прашав Тат­ко: – Што се случува со душата по смртта?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)