унија (имн.) - или (сврз.)

Се предлагало Владата на Неговото Височество да го прифати и да го поддржи ставот со кој со одобрување би било прифатено федерирањето меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување по можност на Турција, а никако не би ја прифатиле исклучивата унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија поради фактот што тоа "би ја нарушило рамнотежата на силите меѓу балканските држави", со што Грција би била изолирана и на тој начин загрозена нејзината позиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД ја поддржувале Британија во нејзиниот став за поврзување "сојузнички и непријателски земји со можност на вклучување и на Турција", но биле против некаква ексклузивна "унија или федерација" меѓу Југославија и Бугарија, "зашто тоа не би придонело за напредување кон поширокото групирање и исто така би ја изолирало Грција и би ја загрозило нејзината положба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разбира, штом нашите медиуми зборуваат за Турција, секогаш тоа се однесува за евентуалниот прием на Турција во Европската унија или за можностите на масакрот над Ерменците, во 1905 година, да биде осуден од француската влада како геноцид.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие сметале дека со тоа би се оневозможило Бугарија да ги сноси последиците од нејзиното учество во двете војни на страната на Германија против нејзините соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)