упатство (имн.) - за (предл.)

Карев го водеше состанокот. Со крената глава, издадена остра брада напред, викаше давајќи упатства за дејствување.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што Ј.Г. Балард знаеше да рече, мораме да знаме да ги искористиме хартиите од нашите кошеви за отпадоци,бидејќи таму се наоѓа „невидливата“ литература: научните извештаи, техничките извештаи, упатствата за употреба на магнетоскоп, и слично.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Во нашите упатства за работа - рече Англичанецот - не ни е одредено да спроведуваме плебисцит меѓу населението...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Личен и чуден, речиси чудесен е часовникот што го добив на подарок: секое помрднување на секундарникот ги привикува на купче сите наши лета и севезден ни прави патека до шумите на детството но ни служи и како упатство за употреба на преостанатите години.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)