управа (имн.) - во (предл.)

11. Најголемиот грчки остров Крит во 1897 год. успеа да добие автономна управа во границите на Отоманската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Бурите се некогашни холандиски доселеници во Јужна Африка, кои по незадоволствата од англиската управа во 1831-1835 год. се преселуваат во Трансвал и Оранж и образуваат свои републики.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во раната младост за време на Првата светска војна во родниот град Поградец, кога градот заедно со Корча биле под француска управа во рамките на Корчанската Република (1914-1918) на генералот Едуард Иполит Огист Мортје, Татко научил француски јазик и долго време работел како преведувач во француската управа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бирото е орган на државната управа во состав на Министерството за правда [т.е. тоа е поранешното Одделение за поддршка на владиниот агент при МП](чл. 3, ст1-2sq од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Република Македонија пред ЕСЧП [Стразбур] ја застапува Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш по доаѓањето на престолот, на 20 годишна возраст, Александар III Македонски (336-323) прво ја обезбедил македонската управа во Тракија и Илирија и во 335 г.пне. ја спречил побуната на елинските градови држави (Теба, Атина и др.).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Воведувањето на римската управа во Македонија од самиот почеток не била прифатена од македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„На тој начин - пишува Ст. Симеонов - реакцијата на Велешкиот кружок се пројави против раководителите на културното бугарско дело во поробените земји, како против вишата управа во центарот, Цариград, така и против нејзиниот претставник во провинцијата - велешкиот владика“49.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Британската Служба за специјални операции (Special Operation Executive – SОЕ)40 ја презела командата за реализирање на субверзивните активности и започнала да планира како „да ја запали Европа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Последно му беше служењето во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, а пред тоа служел во градината на француската колонијална управа во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)