услуга (имн.) - во (предл.)

Се афирмира како непогрешлив во операциите, така што повиците за услуги во сложени ситуации од семеен, љубовен, деловен и криминален карактер толку многу зачестија, што тој мораше да ангажира телефонски и интернет посредник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше додаден нов чл. 249-а кој ги регулира правата на работниците кои се испратени од нивниот работодавач да вршат услуги во странство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Туристите и летувалците губат многу нерви поради бавните услуги во рестораните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
До нови промени дојде во 2014 година кога се изврши групирање на работните места согласно Законот за вработените во јавниот сектор105 и тоа на: (1) јавни службеници; (2) даватели на јавни услуги во јавните претпријатија и (3) помошно - технички лица (чл. 4 од ЗИДЗЈП/фев.14), па согласно оваа поделба за вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во врска со нивниот работен однос се применува Законот за административни службеници106 и колективните договори (чл. 5 од ЗИДЗЈП/фев.14), додека пак за давателите на јавни услуги и помошно-техничкиот персонал освен ЗЈП, се применуваат и Законот за вработените во јавниот сектор и колективните договори, како и општите прописи за работните односи соодветно (чл. 6 и 10 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во случај кога вработениот со статус на давател на јавна услуга претрпи штета на работа или во врска со работата, јавното претпријатие е должно да му ја надомести штетата согласно со закон, а исто така јавното претпријатие е должно да ја надомести материјалната штета што вработениот со статус на давател на јавна услуга во вршењето на работите и работните задачи ја предизвикал кон трети лица (чл. 37-х).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сѐ што бараа агите за себе, впрочем на тоа никој и не можеше да ги натера, беше да не ги плаќаат услугите во дуќаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)