уста (имн.) - што (зам.)

Ама мислиш на милите усти што си ги оставил дома. Никако не си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од него остана само уста што изговараше и рака што потпишуваше сѐ што ќе побараа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)