уста (имн.) - да (сврз.)

Сиот се стопи и како восок се слеа. Од радост и топла милина не можеше збор од уста да испушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од таа напара не го права сега тоа напарки — попреку нарилник — специјална направа која му се тура на добитокот на устата да не направи штета кога работи со него човек насадам — нафрлам снопје на гумното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стисна заби од болките и ја развлече устата да се насмее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Винстон зеде воздух. Ја отвори устата да проговори и ништо не рече.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој имаше моќ на маѓепсник. Штом отвореше уста да раскажува, сите се прибираа поблиску до него; го голтаа секој негов збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мртов да ружаш можеш, ама тој нема да прозбори, нема уста да отвори, ниту да те покуди, ниту да те пофали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
МИТРЕ: Вистина, така е од ноќ кому му зинува уста да јаде ама адет е, останало да се стави софра.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Никој уста да отвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што имам јас да расчистувам со Југославија, вели Апостол Макаровски, небаре од нашите усти да ги вади зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е за од човечка уста да излезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лазор Рогожаров ќе ја отвори устата да се смее и ќе заборави да ја затвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар не гледаш дека цело време мука и блека, вели и ја стокмува устата да плукне, дупка да направи во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одекнува гласот од куполите на театарот, што се вели, како со иста уста да викаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не можам до уста да си го однесам залакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ кара, кара Џоџо, што му дојде на уста да ни вели, а ние само гледаме в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам во иследниците како мртовец што гледа, ако гледа. Не можам уста да отворам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата нога в уста да му остане, ќе си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ни тој немаше уста да почне разговор. Башмајсторот како да не го забележуваше, за сето време додека патуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Славејот го препознавам уште пред да ја зине устата да запее.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мочта му се затна, му стана гној и го докутна. Му ја затна и устата да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)