установа (имн.) - или (сврз.)

На крајот, самиот Евгенијадис во врска со тоа сметал да го напише следново: “Сметам за нужно тука да изнесам дека наспроти проширените гласови, ниту една од грчките општински установи или бројни цркви во градот не настрада...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Избран или именуван функционер, како и друго службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал не може, во вршењето на својата функција, односно служба, да воспостави деловни односи со правно лице што го основал тој или член на неговото семејство, или во кое одговорното лице е член на неговото семејство, а доколку деловните односи се воспоставени од порано, е должно да се изземе од какво и да било одлучување и за тоа да ја извести Државната комисија (чл. 22, ст.1 од ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Избран или именуван функционерот не смее да врши влијание за вработување или унапредување на член на 99 неговото семејство во органот во кој е избран или именуван, или во друг државен орган или ЈП, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал – врз кое врши надзор органот во кој функционерот е избран или именуван (чл. 29, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој што е оштетен со акт на корупција има право да бара надоместок на штета [вистин- ска штета и изгубена добивка] според принципите на солидарна одговорност од сторителот на делото, квалификувано како дело на корупција со правосилна судска одлука, како и од органот или јавното претпријатие и друго правно лице што располага со државен капитал, во кое тоа лице ја вршело својата функција или должност во времето на извршувањето на делото (чл. 46, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)