утро (имн.) - бев (гл.)

Пријателите, кои уште од раното утро беа разбрале за радосната вест, влегуваа во маената, весело го поздравуваа и му честитаа: - Да ти е жив синот, да ти е жива одмената!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Винстон не можеше да биде сигурен - дури и по средбата на нивните погледи тоа утро беше невозможно да биде сигурен - дали О'Брајан е пријател или непријател.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој телефонски повик, а тоа утро беа чести, ме наведуваше на помисла дека можеби е тој, дека сега го нашол вистинскиот повод по службена линија да ме информира или да ме праша за нешто што го загатна со името на Ема Ендековска. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неговата втренченост во светлината на утрото беше исто толку неподвижна колку и камените ѕидови на собата во која седеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа беше првиот автомобил што тоа утро беше ставен во погон во Скопје, но наскоро бучава од експлозии во мотори зачести под густиот смог.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ова доцно зимско утро беше најсветлото утро во неговиот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа утро беше негово повторно раѓање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Другото утро бевме на расчистување близу до градот и што ќе видиме, вистински колеж.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакав да ви кажам какви работи се случуваа. .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)