утро (имн.) - додека (сврз.)

- Рековте да го доведам кога ќе се разбуди – рече службеникот во униформа. – Мислам дека е буден – додаде и при тоа дури и се понаведна како да проверува случајно да не сум заспан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во едно од неколкуте утра додека Томо замина да ги оптегне нозете, Јана го искористи мигот кога со Рада останаа сами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не носев доволно ведрина тоа утро додека младиот службеник во униформа ме воведуваше во канцеларијата на другарот Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)