учител (имн.) - да (сврз.)

Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не треба учител да барате. Без давачки ќе биде таа работа, ако е аирлија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Свештеник си имаме, вели Лазор Перуноски. Треба уште учител да си најдеме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше пред тоа некакви предупредувања одоколу, особено од родителите на учениците, учителот да се ослободи од козата, но тој и натаму си ја чуваше својата Мила.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)