фаза (имн.) - во (предл.)

И покрај тоа што некои наши драмски писатели, идеалот на драмскиот текст го наоѓаат во отуството на текстот, сепак, сметам дека постдрамската фаза во театарот кај нас ќе задоцни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Слично на Грос, Ото Дикс, исто така, минувајќи низ воените случувања, стана жесток пацифист, така што и тој од почетокот на дваесеттите години мина една фаза во која неумоливото констатирање на бедата и неволјите и укажување на злата креатура и грабливото животно во човекот, по пат на претерување добиваат експресивни црти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Очигледно настапуваше нова, завршна фаза во мисијата, во тоа беа уверени и обајцата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали беше тоа моментална збунетост или еден вид преодна фаза во животот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Истото ја чека и Маргина, но, во секој случај, со овој број завршуваме значајна фаза во нашето двогодишно работење и, доколку успееме да опстоиме, тоа ќе биде во нешто поразлична форма од досега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беди:Да речеме дека постојат некакви три фази во моето творештво, до сега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во почетокот тоа воопшто не изгледаше сериозно, мислевме дека тоа е само минлива фаза во неговиот живот, но веќе дојде пролетта и тој не излезе и сите почнаа да се прашуваат што се случува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сигурно, тоа навистина изразува чувство дека се залудни обидите сосема да се избега, еднаш засекогаш, од положбата на општествената обезмоќеност – дека се залудност обидите херметички да се заштитиш од штетното влијание на понижителните претстави.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер укажува дека токму застарените видови сентименталност што ги мобилизирал бродвејскиот мјузикл почнале да го обележуваат како определител на незрела и сега надрасната фаза во развојот на машкиот геј-субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето положба на обезмоќеност, положбата која геј-мажите делумно ја делат со жените, е само провизорно, само прва фаза во стратегијата на отпорот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие претстави, на крајот на краиштата, се бесмислени – или барем изгледаат бесмислено штом човек веќе не е нивен главен корисник и нивна непосредна, првенствена цел (а геј-мажите не се).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Присвојувањето на тие претстави од страна на машката геј-култура не значи одобрување, туку е стратегиско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, ние знаеме дека амбиваленцијата и контингенцијата се тука за да останат, и нашата задача е да научиме како да живееме заедно со нив.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто расправата за постмодернитетот е значајна? Затоа што тоа е самосвесна фаза во развојот на модернитетот; ние сме проклето сигурни во тоа што е на дело.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)