факт (имн.) - ќе (чест.)

Големи штети, во духовна смисла (а јас пред сé зборувам во таа смисла), тука направија нашите историчари, оние што се задолжени, според природата на својата наука, да трагаат по фактите и по објективната метода што на тие факти ќе фрли најразновидна светлина, од психолошка, антрополошка, социолошка до филозофска.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако судот не може врз основа на изведените докази со сигурност да утврди некој факт, за постоењето на фактот ќе заклучи со примена на правилата за товарот на докажувањето [onus probandi] (чл. 208, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не треба да се докажуваат факти што се општопознати [facta notoria] (чл. 207, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)