фактор (имн.) - во (предл.)

Таа пак, беше единствениот работлив фактор во земјава, врз чии грб паѓаа сите товари од времето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пајонија да не претставува политички и воен фактор во регионот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Настанатите промени во корист на НОВ и ПОЈ му предочиле на Черчил дека тие сили ќе бидат одлучувачки фактор во повоеното уредување на Југославија.44 Реалист по своите убедувања а практичар во дејствувањето, Черчил воопшто не се сомневал во она што му било предочено од неговите одговорни лица во однос на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оваа транспарентност на практиката претставува предизвик на општо-прифатената идеја дека за да ги има своите сакани ефекти, делувањето на терапијата треба да се чува во тајност, идејата дека ако луѓето знаат што прават терапевтите, тогаш терапијата нема да успее.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Проверувајќи ги овие практики со клиентите, научив дека според нив, вклучувањето на одговорите на терапевтот и на тимот е многу значаен фактор во постигнувањето на промените во нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Земјата, нештата што раснеа на земјата, суштествата што живееја од неа, не престанаа да бидат главен фактор во животот на Кети и Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До 1901 година Гарванов не претставувал фактор во движењето (тој бил член на Месниот солунски комитет), а и не престанал да конспирира против него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Господата Матов и Татарчев доаѓаат и покрај нас се препорачуваат за благоразумни, а нас нѐ прогласуваат за крајни и со тоа надуено нѐ отстрануваат божем како меродавни фактори во тие борби и се поставуваат себеси за такви фактори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа било сторено со цел Сарафов да се компромитира и да се елиминира како фактор во емигрантското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа било уништено лозарството како сериозен стопански фактор во животот на градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Напротив, сметајќи дека дошло време да се сотре сè што било револуционерно и словенско и што не им служи на великогрчките амбиции за голема Елада, компетентните политички фактори во Грција решиле да застанат наполно на страната на султанот и да му понудат помош против “заедничкиот непријател“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со своето организирање Македонците станаа главниот фактор во решавањето на македонското прашање како во своите очи, така и во очите на Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во петтата глава се разгледува идеологијата низ призма на подвижноста на општеството, според авторот, значаен фактор во проблемот на односот меѓу субјективитетот и идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во крајна линија, решавачки фактор во сето тоа е менталниот став на самата владејачка класа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Согледувајќи го развојот на настаните во Југославија, на британскиот премиер Винстон Черчил, веднаш по Техеранската конференција, му станало сосема јасно дека НОВ и ПО на Југославија ќе бидат решавачкиот фактор во повоеното уредување на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во текот на војната од СОЕ на територијата на Македонија биле испратини повеќе британски мисии кои со своите извештаи биле главните информатори за она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според експертите, од трите "алтернативни политики", последната (г) се чинела дека е "единствената изводлива во овие услови и во оние што веројатно ќе преовладуваат по војната".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, според нив, било резултат на националното сознание, кое било најсилниот "фактор во политичкиот живот во Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот на 1944 година немало сомневање во фактот дека НОВ и ПО на Југославија се главниот фактор во борбата против силите на Оската, дека ја имаат поддршката на народот и дека се единствените носители на борбата против окупаторот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
"Г) Да го насочиме нашето влијание кон Балканот преку консолидирање на нашата позиција во Грција и во Турција и да се воведе и искористи Турско-грчкото пријателство како фундаметален фактор во југоисточна Европа и во Источниот Медитеран; и "II/ додека избегнуваме каков било директен предизвик на руското влијание во Југославија, Албанија, Романија и во Бугарија, да ја искористиме секоја можност за ширење на британското влијание во овие земји".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И државниот секретар на САД, Кордел Хал, во писмото од 13 јануари 1942 година, во однос на обединувањето на Американците од словенско потекло, ја истакнал "полната поткрепа на нашите воени напори од страна на американските граѓани од словенско потекло кои претставуваат важен фактор во нашите производни програми во оваа тешка ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неколкумесечни подготовки, на 25 и 26 април 1942 година, во Детроит, во присуство на 3.000 делегати, речиси од сите краишта на САД, се одржал Првиот американско-словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тргнувајќи од таа реалност, Черчил започнал акција за "политички компромис" со раководството на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Што е она што ги прави компјутерите компјутери - што е она што го прави нивното постоење револуционерен фактор во нашето општество, што ги прави толку вредни за да се трошат многу пари на нив - дали е тоа што тие се машини чие однесување е предизвикано на систематичен начин со помош на значењата на симболите коишто ги внесуваме во нив.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)