фамилија (имн.) - кој (зам.)

Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чичко Томе ги знаеше сите јунаци на Живко, по име и презиме, а особено по прекар, како да му биле не само соселани туку и врсници па и роднини, од која куќа и која фамилија кој бил, и по таткова и по мајчина страна, што сторил и што не сторил, што му се случило и како му се случило, сè од влакната на главата до врвката на опинокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
СИМОН: Што не го однесеш ти тој Шваба во некоја фамилија која повеќе ти се допаѓа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)