фасада (имн.) - во (предл.)

„Под врбата”, така беше познат ресторанот „Кај Таки”. На задната страна од двокатната стара зграда, со свежо нашминката фасада во жолта боја, веднаш под Тврдината, имаше дискретен простор за паркирање на неколку возила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Уште мајсторите да ја бојадисаат фасадата во бело, и тој, со жената и двете деца, конечно ќе може да се пресели од оној мравилник во ова спокојно, тивко местенце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Возам полека, гледаме на новите станбени згради, едно и двокатните куќи со разнобојни фасади во чии приземјишта се редат мали продавници, кафеани, кафулиња, ресторанчиња, чајџилници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)