фигура (имн.) - или (сврз.)

Сите тие буквалистички толкувања, наместо тоа, имплицираат дека геј-мажите кои реагираат на Милдред Пирс можат да реагираат само сосема преведувајќи ги поимите на тој филм во сопствената стварност – така што ќе ја погејчат Џоан Крафорд и ќе ја читаат мелодрамата на судирот мајка-ќерка како буквална претстава на машкиот геј-живот – наместо да ја сфатат како фигура или метафора или како место за влез во еден настран свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На преголем број од толкувањата кои штотуку ги изнесов заедничка им е склоноста пребуквално да го објаснуваат изборот на материјалот на машката геј-култура и така со образложенија да му ја намалат важноста, наместо да го разјаснат, па во нив се заборава важната поука што веќе ја научивме: она што геј-мажите го сакаат кај своите негеј-културни икони е токму фигуралноста на тие икони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, треба да се каже повеќе пред да можеме сосема да разбереме од каде тоа Џоан Крафорд почнала да им служи на некои геј-мажи како заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Апстракцијата е прочистеното од предметите, дури и кога тие се контури екстраполирани од геометријата, или како кај De Koonig, сплет од движења издвоени од фигура или пејзажна слика. 136 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)