филм (имн.) - во (предл.)

Ваквиот концепт овозможи поголема селек­тивност отколку во дотогашните филмови во коишто е чувано единството на времето и местото, па така изборот на епизодите во Девојките од челзи прет­ставува и збир на дото­ гашните Ворхолови филмски постапки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи, реалното движење на интерфејсот предизвикува вистинска сликовна приказна, да речеме, скоро филм во виртуел­ ниот простор, а со тоа го демонстрира начелото на виртуелната реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оригинал­ната верзија се наведени и броевите на собите во кои се одвивале поединечните дејствија; меѓутоа, управата се заканила со пријава, па броевите се повлечени.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таму го вртиш во раз­лични правци и со тоа движење предизвикуваш различни сликовни ефекти (компју­терска графика) на екранот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За тоа, како овој милионски град бил системно, по принципот на „килим“, до темел уриван од германските окупатори, гледав еден документарен филм во Градскиот историски музеј, во старот дел на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, многу е повпечатливо ако истиот ефект го постигнете по пат на монтажа, бидејќи на тој начин во настанот ќе ја вовлечете и публиката - и во тоа е една од тајните на монтажата во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, во Америка постојано наидував на тешкотии, па истиот случај се повтори и со Гари, кој всушност е Англичанец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
” •Секогаш, по повод Сенка на сомнежот ми се наметнува оваа поединост: во првата сцена на железничката станица, кога пристигнува возот од кој се симнува вујче Чарли, од оџакот на локомотивата сучи многу јак црн дим, и додека возот се приближува, тој го затемнува целиот перон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа беше 1940г. и камерманот на своето прво патување во Амстердам беше торпедиран и сета негова опрема беше изгубена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е чудно; никој друг не ја препознал таа жена, но зарем не е водена истрага кога било пронајдено нејзиното тело?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
” Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt), 1943г. •Сенка на сомнежот, заедно со Психо, е еден од вашите ретки филмови во кои главната личност е негативец, а публиката сепак сочувствува со него, веројатно затоа што никогаш не го гледа додека ги убива вдовиците. •Хичкок: „Веројатно, впрочем, тој е убиец идеалист.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа осумнаесет дена снимање, и заради славната портокалова боја, девет дена повторно снимање.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јаже (The Rope), 1948г. •1948г. е значајна етапа во вашата кариера бидејќи со Јаже ќе станете свој сопствен продуцент, а тоа ќе биде и ваш прв филм во боја и истовремено голем технички предизвик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да беше филмот во боја, ќе внесев еден кадар кој отсекогаш сакав да го снимам, а никогаш не го направив тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Дали Ребека е прв филм во кој се обидовте камерата во возење да ја користите како изразно средство спротивно на монтажата?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ребека навистина беше филм во стилот на сестрите Бронте, романтичен викторијански роман во модерни костими.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу кадри на вртелешката ги сними камерата од долниот агол.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу ми се допаѓаше жената 148 Margina #22 [1995] | okno.mk што беше убиена, вистинско девојчиште што по цел ден работи во фабриката за плочи, а исто така и Бруновата мајка која е исто толку луда колку и нејзиниот син.” •Не е ли сета иронија во филмот во тоа што Вокер навистина го ослободува Грејнџер од неговата невозможна сопруга? •Хичкок: „Секако дека е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа го видоа и другите и така почна да се “исткајува” сценариото кое во својата завршна верзија ќе произведе преку 50 часови суров материјал сниман во неколку држави и на три континенти Како финален продукт очекуваме 4-5 епизоди од по 50 минути и целовечерен филм во траење од најмалку 120 минути, сето тоа со многу анимации и обемна постпродукција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова последното секако е најнепривлечниот аспект на филмот во однос на уметникот кој се зафатил со негова пракса, а особено не за андерграунд уметникот okno.mk | Margina #26-28 [1995] 34 кој честопати во филмот препознава моќно средство за манипулација со масите во рацете на режимот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
”, прашуваше еден тип од филмот во сега веќе скоро празното кино, уште попразно откако се расчу веста за крволочното убиство.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
САШО ПОПОВСКИ Луѓе во маслона платно ... јас сум канта за ѓубре од спомени пијам на журови гнијам со сурови јас немам папучи се бричам бос слушам вести и чепкам од нос шкртам кога пишувам свиркам плачам плачам на филмови во црно бела техника јас сум канта за ѓубре од спомени Го чувствувам сонцето, догорува како последна цигара, скоро до прсти.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа го знаеа и творците на филмот Top Gun.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Благодарејќи им ним, славниот светски произведувач на наочари за сонце Ray Ban забележа голем профит и зголемување на продажбата бидејќи по влегувањето на филмот во кината се појави цела сурија од типови што сакаа да имаат исти “цвикери” како и Том Круз.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ваквиот концепт има за цел да ја покаже врската и влијанието на Ворхоловите филмови во неговите слики и да ја истакне важноста на медиумот во “artists oeuvre”, но филмовите што Франсис ги одбра - со статични кадри - се формална инверзија на изложените слики и се карактеризираат со расположение што е антитеза на славната личност преставена на сликите веднаш тука покрај. (...)Франсисовата инсталација нема да биде од анти-хронолошки карактер како што изгледа на прв поглед; таа е дизајнирана така да го обработува делото на Ворхол повеќе како конгломерат на тематски целини што ќе бидат обработувани во засебни инсталации. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 151 Дејв Хикеј Институцијата Енди “Добро тогаш, ако е Фектори (фабрика), што произведува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вака, размислувајќи за Енди Ворхол веќе не знам по кој пат, по повод отворањето на неговиот музеј, изненаден сум колку освежувачки и убаво изгледа неговата спокојна себичност гледано од тука - колку поучно и ефикасно изгледа неговата себе-промоција во овој посебен културен момент - кога толку многу амбиција извира од претенциозната машина на непристрасната доблест. (...)Колку прекрасно изгледа гледано оттука: една чудна птица како што е Ендрју Ворхола да има толкаво срце и волја, воден од силната желба - неразнишана од метадоблестите на високата култура, да работи толку упорно за да ја оствари својата единствена цел - да го направи светот безбеден за “Енди Ворхол”, l ‘homme nouveau.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како дополнување на регуларните проекции што ќе се одржу­ ваат во музејската сала (со големите јаболково зелени столови на склопување, дизајнирани во доцните дваесетти од Марсел Бројер), Франсис има намера да прикаже и неколку филма од пораната продукција на Ворхол, како “Empire” (1964) на пример; во соседната сала ќе бидат изложени уметниковите слики со славните личности од шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг пример е Форд, кој на Спилберг му подари неколку свои теренски возила, за неговите диносауруси слатко да ги изгазат во паркот Јура!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше неуморен, сѐ додека не му се испразни ролната на филмот во камерата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На екипата под шаторот сега сè ѝ беше јасно, од заплетканата идеја во главата на режисерот до замотаниот филм во нивната камера, освен едно: што, каде, како ќе јадат?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дијалогот се одвива по неколку неми водења љубов, како почеток на процесот на нивниот “озвучен филм”: - Еднаш гледав филм во кој главниот јунак не зборуваше повеќе од половина саат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Влегов во работата мошне плашливо, како помошник во просториите за монтажа на документарни филмови во Лондон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоби Мусман напишал дека оптичките дискови се темелат на: “... концепција по која двајца гледачи, спротивни еден на друг, кои го гледаат филмот во исто време, сето тоа време додека трае филмот, тие нема да го доживеат филмот на потполно еднаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фантазијата на филмот во неговата бујна декаденција е типична за поимот “крај на векот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Распространето е верувањето дека Бети Дејвис била големата садистка на платното, исто како што Џоан Крафорд била големата мазохистка на платното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие буквалистички толкувања, наместо тоа, имплицираат дека геј-мажите кои реагираат на Милдред Пирс можат да реагираат само сосема преведувајќи ги поимите на тој филм во сопствената стварност – така што ќе ја погејчат Џоан Крафорд и ќе ја читаат мелодрамата на судирот мајка-ќерка како буквална претстава на машкиот геј-живот – наместо да ја сфатат како фигура или метафора или како место за влез во еден настран свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и да не е Дејвис нужно садист во голем број од нејзините улоги на платното, нејзините ликови честопати недвосмислено уживаат во победоносноста, во расфрлањето со моќ и со авторитет, во пркосот против општествените конвенции и во терањето по свое дури и, па и особено, по цена на туѓото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одвреме-навреме, во кино Кастро, во јадрото на едно од геј-маалата на Сан Франциско, ќе го прикажеа филмот Жените од Џорџ Кјукор од 1939 г., прочуен по јатото красно костимирани холивудски ѕвезди и по тоа што е филм во кој не се појавува ниту еден машки лик, освен со глас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И филмот, како и драмата, започнува со сцена во која Марта, ликот што го игра Елизабет Тејлор, прави своја пијана изведба на Бети Дејвис и ја изговара нејзината денес веќе класична реплика, попусто тормозејќи си го сопругот да се сети како се вика непознатиот филм во кој прва ја изговорила и се обидува, не многу успешно, да се сети на сижето на филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тргајќи ја настрана експлицитната содржина на филмот во прилог на неговата мелодраматична моќ и раскошниот црносериски [филмноаровски] стил, уживањето на кампот во него како да го оправдува тврдењето на Сузан Зонтаг за аполитичниот карактер на кампот, за неговото претпочитање на естетиката за сметка на политиката, за неговата неутралност „во однос на содржината“ и за неговиот „начин на гледање на светот како естетска појава“.268 ‌Токму ова воздигнување на убавината до степен на врховна вредност (не само убавината на Џоан Крафорд туку и убавината на беспрекорниот мелодраматичен и кинематографски стил) и оваа релативна рамнодушност кон политичките услови во кои се остварува естетското совршенство, ја ставиле машката геј-култура на лош глас – особено меѓу феминистите – дека има реакционерна политика, дека е непријателски устроена против жените, дека ги прифаќа угнетувачките општествени состојби, дека промовира митски, а не критички однос кон примените вредности и дека соработува со силите на општествена доминација. ‌Но, машката геј-култура многу-многу не ја секираат критичарите и не се срами од своите љубови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во 1966 година според неа се сними сјаен црно-бел филм во режија на Мајк Николс, со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, треба да се каже повеќе пред да можеме сосема да разбереме од каде тоа Џоан Крафорд почнала да им служи на некои геј-мажи како заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На преголем број од толкувањата кои штотуку ги изнесов заедничка им е склоноста пребуквално да го објаснуваат изборот на материјалот на машката геј-култура и така со образложенија да му ја намалат важноста, наместо да го разјаснат, па во нив се заборава важната поука што веќе ја научивме: она што геј-мажите го сакаат кај своите негеј-културни икони е токму фигуралноста на тие икони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот во нејзиниот мозок почнуваше веднаш, без журнал, а сликите намерно ѝ се повторуваа на стотина пати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето, пак, велеа дека височина од триста метри е вистинска лудост. Ама, какви триста метри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Балонот на комуникација, како и секогаш, прерано го изли својот хелиум, небаре премотувања сцена од филм во која не можеше лесно да се дознае причината за однесувањето на ликовите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Замисли да фатат два - тројца наши членови со филмот во нивниот компјутер или усб стик?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Отсекогаш сакав да направам филм во кој не би имало ништо друго освен ебење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако, на сите филмови во кои се прикажуваа ужасите од втората светска војна, кога го слушаше тој јазик, косата ѝ настрвнуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ама ја прикажаа и онаа друга страна на тоа време: ловот на црвени вештерки, ноќните акции на Кју-Клукс-Клан, конзервативните отпори кон новите уметнички движења, едукативните филмови во кои се опоменува младината на опасностите на новата музика, забраните за носење рокабили-фризури и подвртени фармерки по училиштата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Според Хичкоковите зборови, неговиот придонес во овој филм во производство на компанијата British International, бил безначаен. œœ Јунона и паунот (Juno and tht Paycock), 1930 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Енигматичното, на прв поглед, прашање, зошто во втората етапа на Хичкок преовладува женската нота, се разјаснува ако се помести во соодветен контекст: вистинскиот слом на протестантската етика ја афирмира жената како активна индивидуа (што во литературата и на филмот во четириесеттите години произведе низа од типизирани ликови: „успешна деловна жена”, good bad girl, злокобната femme fatale и т.н.) - уште повеќе е показател на фактот, во колкава мера автономниот индивидуум на протестантската етика бил ексклузивно машки. 38 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, набљудувајќи ја Хичкоковата работа, забележуваме дека во текот на целата своја кариера тој се обидуваше да прави филмови во кои секој момент ќе биде привилегиран момент, филмови, како што и самиот говореше, без дупки, без дамки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Режисерот на филмот се разболел и Хичкок, во соработка со продуцентот Сејмор Хикс (Seymour Hicks), го завршил филмот во студиото Излингтон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога некој мирис ќе ми пушти стар филм во глава.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Вечерва ќе пуштам еден филм во Тиволи...“ „Престани да ме викаш зашто ќе те убијам!“ 44
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
DD ПТ: Ќе има и ретроспективна изложба на вашите филмови во Whitney Museum? DD ЕВ: Можеби.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некако ми дојде преку глава од сѐ, од сериозниот филм во кој бев влезена со факултетот, од сериозната облека која ја носев тој период.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)