филџан (имн.) - со (предл.)

Мара му го полни филџанот со ракија, и се крсти, а истото го прават и другите освен Пандета и децата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (која на секого му става пред себе филџан со топла ракија).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (полни филџан со ракија и му подава). Повели, Панде, сега.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сѐ што да фати, долго држи в рака: чашата со која пие вода, лајцата со која јаде, филџанот со кој пие кафе, ризата со која се брише, шипката од креветот за која се фаќа кога станува, бастунот со кој се потпира, рачката од вратата кога ја отвора и затвора, и секој предмет што го допира - го допира долго како да сака на него што подолго да го остави својот отисок, својот траг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)