фитил (имн.) - и (сврз.)

Дотрчала до бедемите на мостот, ги извлекла запалените фитили и ги фрлила во реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фимка го подигна фитилот и пламенчето пораснува и светлина растура во одајата и таа, Фимка, одеднаш голема пораснува на ѕидот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но што се случило? Тие поставиле динамит, ги запалиле фитилите и си оставиле доволно време за да се повлечат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)