формирање (имн.) - броен (прид.)

Според увидот на американските аналитичари, "апологетите на федерализмот се залагаат за формирање бројни автономни единици во рамките на Југославија", прифаќајќи го "принципот на националните разлики како критериум за утврдување на државните граници".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тој "критериум не е прифатлив за провинциите (како што се Босна, Херцеговина и Македонија) кои се населени со хетерогено население" и дека "сите апологети на федерализмот се подготвени да прифатат арбитражна солуција за овој проблем, било со поделба на посебни делови или додавање на региони кои се населени со доминантно српско население на Србија и хрватски региони на Хрватска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)