фотографија (имн.) - од (предл.)

Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нѐ сними момчето седнати во истото бистро во кое некогаш тука седел и Пол Фо и не забележавме колку невино и безгрижно се населивме на фотографијата од која веќе никогаш нема да излеземе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Уште од корицата и насловот разбрав дека се работи за документи и фотографии од жртвите на земјотресот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во весниците излегоа фотографии од дружината која го изведуваше обредот: таму беше, покрај сликата на Фискултурецот, и сликата на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под насловот стоеше моја фотографија од изведбата на точката со Петрунела и љубовникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На левиот ѕид голем ѕиден сат во ореовина, на десниот огледало во широка рамка и неколку фотографии од серијата Геновева.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаеше да заштеди од џебните пари кои ги добиваше од татка си, па си купуваше списание на српски јазик „Илустрација“ во кое имаше фотографии од последните модни трендови од центарот на модата и уметноста во тоа време – околу 1938мата - Париз, Франција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш ја направив фотографијата од внатрешноста на куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во папката што ја носев со мене имав и една фотографија од погребот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во форматот на книгава, најмногу што можам е да ја препишам сцената и да ставам неколку фотографии од него (слики 5–9).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ваквите тврдења никогаш не беа сфатени сериозно – за време на својот долг живот Р ги избегнуваше новинарите и не беа зачувани никакви снимки или фотографии од неговиот нос.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
DD ПТ: Бевте во Ватикан? DD ЕВ: Секој ден поминувавме оттаму. DD ПТ: Се сеќавам дека имавте и фотографија од папата. DD ЕВ: Да. DD ПТ: Дали го сликавте во крупен план? DD ЕВ: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Избледнети фотографии од стар албум, десетина години заробени од животот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Позадинската слика што ја употребив е традиционална ловџиска фотографија од триесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)