функција (имн.) - кој (зам.)

Времето на блиското пријателство меѓу Арафат и Дарвиш, кога ќе ги обединува истиот идеал - слободата на Палестина, според прагаматичната стратегија на семоќниот и авторитетен водач и идеалите на Махмуд Дарвиш, се совпаѓаше со времето од крајот на мојата младост и некогашните идеали - храбра понесеност, верување во универзална правда и хуманост, но и со доверената мисија, како највисок преставник на една голема држава на Балканот, обединета од своите национал-етнички сегменти, кои никогаш нема да се артикулираат во федеративна држава-нација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се соочував со сложеното палестинско прашање, како предизвик во животот и функцијата која ми беше доверена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и ѝ ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако ги признаа сите тие работи, беа ослободени, повторно поставени во Партијата и им беа дадени функции кои всушност беа празни, но звучеа важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште додека бев во Холандија, на едно од ретките службени патувања.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)