хала (имн.) - во (предл.)

Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум.  Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, веќе се ангажирани и нови градежни работи - санаториуми во Вернкастел, фабричка хала во Кастел, и така по ред.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека ги обиколувавме градилиштата, луѓето ги набројуваа објектите што ги изградиле и што ги градат, и ги редеа еден по друг - винарската визба во Нојштат - Вајнштрасе, познат винарски крај; дел од поштенскиот училишен центар во Фрнкфурт; фабричката хала во Висбаден; универзитетска хала во Дармштат, па разни станбени објекти и друго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)