хартија (имн.) - кое (зам.)

Му го кажал она што го знаел – го родила девојка која тогаш имала петнаесет години, се викала Гертруда, и во тоа време, пред осумнаесет години, живеела на улица која Рајнер ја имаше запишано на парчето хартија кое го држеше во раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа замина, оставајќи го Винстон со парчето хартија кое овој пат немаше потреба да го крие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се наближуваме,“ рече, кога навлеговме во делот од градот што ми беше познат од онаа прошетка со брат ми, кога тој сакаше да ми покаже како изгледа дното на Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти си замисли дека си видел парче хартија кое непобитно ја докажувало нивната невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)